Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Брисел подготвен да нѐ стави на брза лента, Мицкоски со болка и фрустрација признава дека Албанија ќе нѐ претрка

Во изјава за медиумите денеска премиерот Мицкоски соопшти дека Албанија ќе не претрка во евроинтегративниот процес, нешто што Рацин.мк го најави на почетокот на оваа недела.

„Бевме во многу групи што предводеа во евроинтергациите, а еве сега и Албанија ќе не претрка“, рече Мицкоски во својата изјава.

Ова се совпаѓа со информациите што ги има Рацин.мк од извори од Брисел.

Рацин.мк дознава дека премиерот Мицкоски, придружуван од Муцунски и Муртезани се соочил со јасна позиција на ЕУ дека не може да се очекуваат отстапки од воспоставената Преговарачка рамка усвоена од страна на Европскиот совет, односно од сите земји членик, како и од Северна Македонија.

На разговорите во Брисел на членовите на нашата делегација им било речено дека не гледаат рационални причини да се отстапи или да се влезе во процес на ревизија на Преговарачката рамка за кои е тешко во ЕУ да се најде оправдување.

За Брисел усогласената и прифатена Преговарачката рамка ги опфаќа прашањата за кои македонската страна покажала загриженост и дека тоа го прави предлогот за одложено дејство на уставните измени непотребен.

Нашите извори во Брисле посочуваат дека ЕУ институциите се подготвени да ги стават Албанија и Црна Гора на брза лента бидејќи овие две земји имаат постигнато голем напредок, особено Подгорица, и дека Европската комисија со овие две земји има причини да прогласи успешен процес за проширување на унијата.

На таа брза лента било предвидено да биде и Северна Македонија, но после посетата на македонската владина тројка на Брисел Мицкоски, Муцунски и Муртезани, на лентата ќе останат само Албанија и Црна Гора, доколку Скопје остане на позициите кои биле презентирани во седиштето на ЕУ.

Ако владата во Скопје остане на тие позиции, брифираат од Брисел се соочува со тоа наместо на Црна Гора и Албанија, да влезе во пакетот на останатите три земји.  

Србија е битна земја на Западен Балкан за ЕУ, но пред Белград и Приштина останува предизвикот да си ги средат односите до минимум кој нема да претставува безбедносен ризик за регионот ни за ЕУ. Тоа е нејзиниот хендикеп поради кој не може да смета на биде во групата со Црна Гора и Албанија на брзата лента.

Ако Косово и Србија успеат во тоа, за Приштина ќе следува статусот земја кандидат со обврската да ги заокружи реформи дома.

За Босна и Херцеговина ќе им се приклучи на земјите од регионот откако конечното ќе ја заврши и ќе ја усвои Реформската агенда за Планот за раст.

Во меѓувреме претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел потврди дел од информациите на Рацин.мк со објавата на на платформата Х посветена на неговата вчерашна средба со премиерот Христијан Мицкоски во Брисел.

“Ја поздравувам геостратешката ориентација и посветеност на Северна Македонија за членство во ЕУ, наведе Мишел.

Тој во објавата додава и дека сега е клучно да се спроведат обврските од минатото, да се почитуваат правно обврзувачките договори и решително да се продолжи со реформите поврзани со ЕУ.

Најново