Британската разузнавачка служба MI6 лансира нова дигитална платформа на dark web-от, наречена „Silent Courier“, со цел да привлече потенцијални шпиони за споделување информации – особено од Русија, пренесе CNN.
Порталот работи преку Tor прелистувач, нудејќи анонимност и безбеден канал за комуникација со MI6. Насоки за користење на системот ќе бидат објавени на официјалниот YouTube канал на службата.
Според британската министерка за надворешни работи, Јвет Купер, ова е чекор со кој се засилуваат напорите на MI6 за регрутација низ светот преку најсовремена технологија.
Од Министерството предупредуваат дека корисниците треба да преземат мерки за лична безбедност – да користат сигурни VPN сервиси и уреди што не можат да се поврзат со нивниот идентитет.
Покренувањето на „Silent Courier“ се совпаѓа со прошталниот говор на досегашниот шеф на MI6, Сер Ричард Мур, во Истанбул. Тој ја водеше агенцијата речиси пет години, а на негово место доаѓа Блејз Метруели, која ќе биде првата жена на чело на MI6.
Лансирањето ќе биде проследено со промотивно видео во стил на класични шпионски филмови, со порака на руски: „пренеси информации“.