Британската амбасада преку објава на социјалните мрежи реагира на пишувањата во некои британски медиуми и реакции во земјава за наводно отворање мигрантски кампови.
Во објавата, Амбасадата посочува дека двете земји имаат воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји.
-По клучната средба меѓу премиерите Стармер и Мицкоски во мај, Велика Британија и Северна Македонија воспоставија Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји. Како дел од ова, двете земји потпишаа партнерство Влада со Влада за реализација на критични инфраструктурни проекти во земјава. Оваа соработка беше зајакната и од двајцата премиери за време на средбата во рамки на Берлинскиот процес што се одржа во Британија во октомври оваа година.
Дополнително, двете земји соработуваат преку Заедничката работна група за миграција за борба против нерегуларната миграција и организираниот имиграциски криминал, зајакнувајќи ја безбедноста и справувајќи се со криминалните мрежи. Ние стоиме цврсто со нашиот македонски сојузник во НАТО во унапредувањето на просперитетот, безбедноста и економскиот раст, стои во објвата на фејсбук профилот на Британската амбасада“ се наведува во објавата од амбасадата на Велика Британија.

