Британски министер за надворешни работи: Ова се критични моменти за безбедноста

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Дејвид Лами, изјави дека денешните разговори со украинските претставници во Лондон биле „многу корисни“ и дека се одржале во „критичен момент за нашата безбедност“.

– Заедно со САД, Украина и европските сојузници работиме интензивно на завршување на војната и постигнување праведен и траен мир, изјави Лами.

На состанокот учествуваа и британскиот министер за одбрана Џон Хили, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров. 

Зачлени се на нашиот е-билтен