Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Британскиот премиер Сунак под истрага поради евентуален судир на интереси

Риши Сунак, премиер на В. Британија

Комесарот за стандарди на Парламентот на Обединетото Кралство отвори истрага против премиерот Риши Сунак поради евентуален конфликт на интереси.

Истрагата е отворена на 13 април поради уделот на сопруга на Риши во компанијата за згрижување деца „Кору кидс“.

Опозициските либералдемократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во компанија која прима владините грантови.

Доколку се утврди дека Сунак ги прекршил правилата, комесарот може да побара да го признае тоа и да се извини и да ги исправи неправилностите. Во посериозни случаи, прашањето може да се достави до Одборот, кој може да наметне санкции, вклучително и суспензија на платата. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен