Бродот „Лисус“ на албанската воена морнарица, што е дел од мисијата на НАТО во Егејско Море, спасил 25 мигранти кои биле во гумен чамец и овозможил безбедно да стигнат на копно.
„Бродот „Лисус“ П-133, дел од мисијата во Егејското Море, спроведе операција за пребарување и спасување (SAR) во соработка со турската крајбрежна стража. За време на патролата, екипажот забележал чамец со имигранти кој претходно испловил од турскиот брег и веднаш интервенирал за да им помогне бидејќи постоела опасност да потоне, објави албанското министерство за одбрана.
Во чамецот имало 25 лица од Авганистан и Сирија, 8 мажи, 9 жени и 8 деца.
„Ова е уште еден потврда за посветеноста на нашата морнарица во заложбите за гарантирање на безбедноста на животот на море и зајакнување на соработката со меѓународните партнери”, стои во објавата.
Од 2016 година, кога Албанија стана дел од мисијата на НАТО, во Егејско Море плови и бродот “Бутринти”. Припадниците на албанската морнарица до сега спасиле повеќе над 3.500 илегални мигранти, меѓу нив голем број жени и деца.