Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бројот на загинати во нападот врз Одеса се искачи на 10

Бројот на загинати во вчерашниот напад со руски дрон врз Одеса се искачи на 10, вклучително и мајка и нејзиното бебе, чии тела беа извлечени од разурнатиот блок, соопшти Олех Кипер, регионалниот гувернер на јужниот украински град.

Бебето немало ни една година, пренесе ДПА. Бројот на деца убиени во вчерашниот напад во раните утрински часови сега изнесува три, откако руски дрон удри во станбен блок од девет ката во градот на брегот на Црното Море.

Како одговор на нападот, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголема меѓународна помош за воздушната одбрана на Украина.

– Одложувањата во снабдувањето со оружје за Украина и противвоздушната одбрана за заштита на нашето население, за жал, доведуваат до загуби од ваков вид, рече тој синоќа.

– И кога луѓето умираат, додека нашите партнери се губат во политички игри или дискусии, кои ја ограничуваат нашата одбрана, тоа е несфатливо и незамисливо, додаде Зеленски.

Треба да знаете
Moже да ве интересира