Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во Шри Ланка се зголеми на 12

 Бројот на загинати во поројните поплави и лизгања на земјиштето во Шри Ланка се искачи на 12, а уште пет лица се пријавени за исчезнати, соопштија денеска локалните власти.

Западната провинција на Шри Ланка, вклучувајќи го главниот град Коломбо, јужната провинција и централните делови на островската држава се најтешко погодени од обилните дождови од саботата вечерта, изјави претставник од центарот за управување со катастрофи на земјата.

Петте исчезнати лица биле однесени од надојдените води, а акцијата за пребарување и спасување е во тек.

Повеќе од 50.000 луѓе се раселени по обилните дождови кои предизвикаа хаос во неколку области.

Оваа јужноазиска земја се бори со монсунските дождови од средината на мај. Во текот на викендот врнежите се интензивираа, што резултираше со поплави и свлечишта.

Сите училишта во Шри Ланка денеска се затворени.

Во последните големи поплави во земјата во 2021 година загинаа 14 лица. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира