Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бројот на загинати во пожарот во фабрика во Индонезија се искачи на 18

Во пожарот во кинеската фабрика во Индонезија, што се случи по експлозија пред три дена, животот го загубија 18 лица, меѓу кои осум кинески државјани, соопштија денеска кинески претставници.

„Осум кинески државјани се меѓу 18-те загинати во Индонезија откако изминатиот викенд избувна пожар во топилница за никел на островот Сулавеси“, објави „Ифенг њуз“, повикувајќи се на кинеското Министерство за надворешни работи.

Топењето никел се смета за опасно поради потребата од високи температури, до 1.350 степени Целзиусови, за производство на железен сулфид.

Зачлени се на нашиот е-билтен