Бројот на жртви следбеници на сектата во Кенија надмина 400 лица

Властите во Кенија денеска соопштија дека пронашле уште тела во шумата Шакахоле на истокот од земјата, со што бројот на жртви на сектата „Меѓународна црква на добри вести“ што повикува на постење нарасна до 403.

Тамошните власти очекуваат оваа последна потврдена бројка уште повеќе да се зголеми, бидејќи потрагата по масовните гробници сè уште трае, речиси три месеци по откривањето на првите жртви.

Меѓу жртвите има и деца, кои загинаа во шумата Шакахола каде што се состанувале следбениците на сектата предводена од уапсениот Пол Макензи Нтенге.

Тој на своите следбеници им велел дека треба да постат за да „се сретнат со Исус“.

Нтенге се предал на полицијата на 15 април и веднаш бил приведен. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен