Бројот на жртви во рускиот напад врз Киев синоќа се искачи на 21, објави началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, на Телеграм.
„До 20:45 часот, потврдено е дека 21 лице е убиено како резултат на руските напади врз Киев. Операциите за пребарување и спасување се во тек“, рече Ткаченко, пренесува Укринформ.
Според претходните информации, во текот на ноќта на 28 август, руските сили извршија комбиниран напад врз Киев, по што следеа низа експлозии.