Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бучковски до Мицкоски: Постапи како Мицотакис, почитувај го Преспанскиот договор, иако не си негов фан

„Мислам дека Мицкоски е паметен, но без политичко искуство. Нека постапи како Мицотакис кој не е голем фан на Преспанскиот договор, но вели дека ќе го почитува. Испраќам порака до новиот премиер, да ја повтори истата порака и да продолжи да гради нови мостови“, рече поранешниот премиер Владо Бучвкоски на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека сега сме во процес на градење доверба со Грција, поради што треба внимателно да се постапува и да не се нарушуваат односите.

„Грција е многу важна за нашата иднина. Во нашата кратка историја како независна држава недостатокот на стратешки партенр во регионот ни беше најголем проблем. САД ни се стратешки партнер, но во регионот немавме“, рече Бучковски.

Тој исто така му порача на Мицкоски и да отвори можности за нови грчки инвестиции, бидејќи тоа е важно за иднината на Северна Македонија, но и за целиот Западен Балкан.

Тој нагласи дека со Охридскиот рамковен договор станавме позитивен пример за градење на мултиетничко општество, и, како и Преспанскиот и договорот од Охрид беше поттик за нашите евроинтергации.

„Процесот на пристапување во ЕУ го започнавме во 2001 година. Со Охридскиот рамковен договор бевме позитивен пример не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа. Четири години подоцна иамвме кандидатски статус. Тоа беше чудо за регионот“, рече поранешниот премиер Владо Бучковкси на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека позитивното искуство за градење на мултиетничко општество беше македонски модел за тоа како се гради функционално мултиетничко општество во регионнот.

„Но во 2006 годиан се смени владата. Новата влада на Груевски ја провоцираше Грција и 11 години Северна Македонија беше изолирана се додека Зоран Заев и Алексис Ципрас не направија историски чекор напред“ рече Бучковски.

Тој додаде дека со примерот на Преспанскиот договор се даде позитивен пример за регионот и за Европа.

Треба да знаете
Moже да ве интересира