Социјалдемокртите преку соопштение ја информира јавноста дека, Владата на Христијан Мицкоски потврди дека во буџетот нема пари. Од таму потенцираат дека на министеката за енергетика, Сања Божиновска со изјавата „Како што знаете Буџетот не ни е во најдобра состојба, меѓутоа ќе видиме“, го признала фактот на кој тие подолго време предупредувале..
„Владата на Мицкоски го потврди она што СДСМ и претседателот Филипче постојано го говорат. Оваа изјава на Божиновска е уште еден доказ, фалат 2 милијарди евра. Владата вели нема пари за ништо освен за криминални тендери. Тие течат без пречки. Има пари 161 тендер за една фирма, има за 51 тендер за омилената фирма преку општините, има за 9 милиони евра за двајца вработени, има 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“, велат од СДСМ.
Од партијата нагласуваат дека ‘само за поголеми плати и пензии нема пари владата на Мицкоски’.
„Големиот недостаток на пари ќе доведе до економска криза а потоа, за да земе Владата пари, преку скапи кредити, следува проектот „мигранти за пари“. Веќе доаѓаат „економските работници“, владата одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра, недостасуваат 2 милијарди евра во буџетот“, пишува во соопштението на опозициската партија.