Бугарија ги претстави своите евра, светци и историја на монетите

Бугарската народна банка го претстави националниот дизајн на евро-монетите, со мотиви што ја спојуваат духовната традиција и државната историја на земјата. Според усвоениот сет, Св. Иван Рилски ќе биде на монетата од 1 евро, Паисиј Хилендарски на 2 евра, а „Мадарскиот коњаник“ ќе се појавува на сите ситни номинали од 1 до 50 евроценти. Дизајните се одобрени на ниво на БНБ и ЕУ институции, со планирано пуштање во оптек при влезот на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026.

Европската централна банка преку социјалните мрежи објави „прв поглед“ на националната страна на монетата од 2 евра, нагласувајќи ја континуитетната врска со сегашните левови монети и симболите „длабоко вкоренети во наследството“ на Бугарија.

Монетата од 2 евра ќе го носи ликот на просветителот Паисиј Хилендарски, а на рабната гравура ќе стои натписот „БОЖЕ ПАЗИ БЪЛГАРИЯ“ („Боже, чувај ја Бугарија“), како омаж на историските ковани пари од времето на Царството.

БНБ појасни дека дизајните, првично усогласени во 2024, во април 2025 се ревидирани само поради промената на годината на издавање од „2025“ во „2026“. Визуелните решенија ги исполнуваат прописите на ЕУ за националната страна (позиција на 12-те ѕвезди, името „БЪЛГАРИЯ“ на кирилица и останатите задолжителни елементи).

Со ова, бугарските евра ќе „прозборат“ за светителите-заштитници и културната меморија (Св. Иван Рилски, Паисиј Хилендарски), како и за националната иконографија (Мадарскиот коњаник – објект на УНЕСКО), задржувајќи визуелна близина со сегашните лева за полесна транзиција кон заедничката валута.

Истовремено ова е прв пат во Еврозоната да се појави кирилицата на официјални валути, шанска која Македонија ја пропушти заради лоши политички одлуки иако од раните 2000ти е земја членка за кандидат и беше дури и пред Хрватска.

Зачлени се на нашиот е-билтен