Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарија го отфрли предлогот на Орбан: На Бугарија не и требаат посредници

МНР на Бугарија Иван Кондов
МНР на Бугарија Иван Кондов

„Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“, oва за агенцијата БГНЕС го изјавил министерот за надворешни работи Иван Кондов.

Неговата изјава доаѓа по обраќањето на прес конференција на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој беше во посета на Северна Македонија кога соопшти дека „и понудил на Северна Унгарија да биде посредник меѓу двете земји“.

„Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник – ќе видиме. Подготвени сме да најдеме решение што е прифатливо и за РСМ и за Бугарија. Ова треба да одлучат страните во овој конфликт, а ние сме подготвени да помош“, рече Орбан, напиша БГНЕС.

Зачлени се на нашиот е-билтен