Иако повеќето луѓе во текот на летото одат на море, Европа може да се пофали со голем број езера и реки кои зрачат со чистота и квалитет на водата.
Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА) во својот последен извештај објави ека Бугарија, Романија и Грција имаат најчисти води.
Секоја година, извештајот направен во соработка со Европската комисија ги рангира најчистите води за капење меѓу земјите од ЕУ, како и во Швајцарија и Албанија. Се користат податоци како што е годишната проценка на бактериолошките загадувачи, вклучувајќи ја Ешерихија коли (E. coli) и цревните ентерококи. Бидејќи бактериите можат да завршат во реките или езерата преку испуштање на отпадни води и истекување од земјоделско земјиште, националните и локалните власти тестираат илјадници места за капење, вклучувајќи плажи, реки и природни базени.
„Сите можеме да бидеме задоволни што огромното мнозинство од нашите води за капење се доволно чисти. Ова е постигнато благодарение на систематска работа во согласност со правилата на ЕУ, што постепено ја подобри здравствената состојба на нашите води. Ова покажува дека мониторингот и координацијата на европско ниво носат придобивки за секој од нас“, рече Лена Ила-Мононен, извршна директорка на ЕЕА.
„Секако, треба да се направи многу повеќе за да се подобри чистотата на нашите води и нивната отпорност на новите предизвици што ги носат климатските промени и прекумерната употреба“, додаде таа.
Во извештајот се наведува дека крајбрежните локации имаат повисок процент на „одлични“ оценки од внатрешните води, при што 89 проценти од крајбрежните локации во Европа добиле највисока оценка, додека само 78 проценти од внатрешните локации добиле ист ранг.

Само неколку локации беа тестирани во Бугарија, Грција и Романија, што зборува за нивните добри резултати.
Пчелина се издвојува во Бугарија, додека во Романија, на пример, езерото Ќуперка доби највисока оценка.
Грција можеби е најпозната по своите прекрасни морски плажи, но извештајот потврдува дека и реките и езерата вреди да се посетат.
Австрија и Финска исто така се рангираа високо на листата на земји со најчисти реки и езера.