Бугарија и Косово меѓу поканетите земји за ‘Одборот за мир’ на Трамп

Албанија, Косово, Бугарија и други земји добија покани да станат членови-основачи на Советот за промоција на мирот и деескалација на конфликти.
Трамп

По Албанија и Хрватска, уште две земји од регионот добија покани да се приклучат на „Одборот за мир“ на Доналд Трамп. Писмото било испратено до бугарскиот претседател Румен Радев, кој во својот одговор ја нагласил важноста на мировните иницијативи на Трамп и изразил надеж за одржливи решенија во Газа и на глобално ниво.

Исто така, косовската претседателка Вјоса Османи ја прифати поканата да го претставува Косово, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја прифати поканата, иако Израел неодамна изрази незадоволство од тоа што Белата куќа го „окупира“ меѓународното надзорно тело за Појасот Газа.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и ерменскиот премиер Никол Пашинјан исто така ја прифатија поканата, додека Франција и Италија се воздржаа поради уставни и дипломатски причини. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и Велика Британија ја разгледуваат поканата, но со забелешки во однос на учеството на Русија.

Албанија, преку премиерот Еди Рама, ја прифати поканата и го потврди својот статус на цврст сојузник на САД во промоција на мирот и глобалниот конструктивен ангажман, при што учеството ќе биде одобрено од албанскиот парламент.

Доналд Трамп на Светскиот економски форум во Давос истакна дека досега 59 земји ја прифатиле поканата да станат дел од „Одборот за мир“, кој има за цел да промовира меѓународна соработка и мирно решавање на конфликти, вклучително во регионот на Газа.

Зачлени се на нашиот е-билтен