Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарија: По катастрофата на изборите лидерката на БСП, Нинова, поднесе оставка

Уште една политичка жртва по националните и европските избори во неделата во Бугарија. Оставка поднесе Корнелија Нинова, претседателка на Бугарската социјалистичка партија (БСП) поради лошите резултати. Ова е трет пат Нинова да поднесе оставка.

„Нашите резултати се катастрофални и затоа преземам политичка одговорност и поднесувам оставка“, рече таа. Сепак, не се откажува од пратеничката фотелја.

На парламентарното гласање партијата освои само 7,06 отсто или 151.557 гласови при слаб одѕив на гласачите. На предвремените избори пред нешто повеќе од една година партијата имаше 8,93 отсто или 225.914 гласови.

И покрај оставката, Нинова тврди дека БСП нема да го промени претходниот став и дека партијата нема да поддржи влада на ГЕРБ. „Одговорноста за создавање влада и предлагање премиер е на ГЕРБ. Остануваме на нашите позиции, нема да ја поддржуваме ГЕРБ“, рече  Нинова.

Еден од нејзините четворица заменици треба да го заврши мандатот.

Младинскиот сојуз на БСП пред еден ден побара оставка од Нинова поради колапсот на партијата.

„Од 2017 година таа загуби 800.000 гласови поддршка на БСП. Според нас, ова не може повеќе да продолжи. Околу 140.000 гласови е дно и одговорноста секогаш ја преземаат претседателите, како што знаете“, рече во понеделникот Габриел Валков, кој е претседател на Националниот совет на младината на БСП.

Ова не е првпат Нинова да поднесе оставка поради лошите резултати на БСП на изборите. Всушност, таа го направи тоа двапати досега. Последен пат тоа се случи во 2021 година, по што партискиот конгрес не ја прифати. И по европските избори во 2019 година, Нинова прво најави дека ќе се повлече, но потоа се откажа.

Извор: Независен.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен