Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бугарскиот Парламент забрани „промоција“ на ЛГБТК во училиштата

Со големо мнозинство, со 159 гласа „за“, 22 против и 12 воздржани, Амандманот на законот – предложен од проруската партија Преродба го усвои синоќа Бугарскиот парламент, проширувајќи го својот опсег за забрана на ЛГБТК „пропагандата“ во училиштата, што групите за права ги критикуваа како дискриминаторски.

Законот сега забранува „пропаганда, унапредување или поттикнување на каков било начин, директно или индиректно, во образовниот систем на идеи и ставови поврзани со нетрадиционална сексуална ориентација и/или родов идентитет различен од биолошкиот“.

Пратениците гласаа и за посебен текст кој ја дефинира „нетрадиционалната сексуална ориентација“ како „различна од општоприфатените и воспоставени поими во бугарската правна традиција за емоционална, романтична, сексуална или сензуална привлечност меѓу лица од спротивен пол“.

Невладината организација за права Бугарскиот Хелсиншки комитет (БХЦ) ги повика пратениците да не ги усвојуваат измените, тврдат дека тие ги „кршат основните човекови права“.

Членката на ЕУ, Бугарија, исто така, одбива да ја ратификува Истанбулската конвенција за спречување и борба против насилството врз жените.

Во 2021 година, Унгарија исто така донесе сличен закон, со кој се забранува „промоција“ на ЛГБТК на малолетници. Слични ограничувања постојат во земјите-членки на ЕУ – Унгарија, Полска и Словачка.

Амандманот на законот, претставен од проруската партија Преродба, беше поддржан од претставници од различни политички групи, вклучително и централнодесничарскиот сојуз Герб-СДС, популистичката партија ИТН, Социјалистичката партија и делумно ДПС, која ги застапува интересите на турските и другите малцинства.

Повеќете од пратениците на либерално-конзервативниот сојуз ПП-ДБ гласаа против амандманот на законот.

Членови и поддржувачи на ЛГБТ+ заедницата протестираа против амандманот пред зградата на Парламентот во Софија во средата вечерта. Одбивањето да молчат тие го изразија со скандирање и држење плакати со порака: „Не го повторувајте патот на Русија“.

Зачлени се на нашиот е-билтен