Велика Британија е зафатена од бурата Клаудија која донесе обилни дождови и поплави во некои делови од земјата, а Метеоролошката служба соопшти дека во градот во Лестершир наврнале речиси 100 мм дожд за24 часа.
Како што објави Скај њуз, 96 милиметри дожд се регистрирани во Маунт Сент Бернард Аби, додека 71 милиметар дожд паднале во Бетезда Кари, во Северен Велс.
Медиумот пренесува изјави на жителите на Евјас Херолд кои прогнозираат дека неодамнешните врнежи од дожд во селото веројатно биле рекордни.
Вонредна состојба прогласена во Јужен Велс поради поплави, Англија под предупредување
Во Јужен Велс е прогласена вонредна состојба по силните поплави, додека поголемиот дел од Англија е ставен во состојба на тревога за студено време.
Прогласена е вонредна состојба и по спасувачките акции за евакуација на Противпожарната и спасувачка служба на Јужен Велс во Монмут, објави Скај њуз.
Шефот на противпожарната служба Мет Џонс изјави дека екипите деноноќно работеле за да им помогнат на погодените при што упатиле и повик до јавноста да ја избегнува областа Монмут.
Во Велика Британија, беа издадени над сто предупредувања за поплави, бидејќи бурата Клаудија донесе поројни дождови, при што се очекува во некои области да го достигнат месечниот просек на дожд за само 24 часа.

