Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чедомир Стојковиќ: Вучиќ ги кажа истите зборови за гробовите на Албанците како Хитлер и Гебелс за гробовите на Евреите

Добро утро! Време е да се потсетиме како изгледа воскресението на нацизмот во Европа, објави опозицискиот активист, адвокатот Чедомир Стојковиќ на мрежата Икс споделувајќи негов пост објавен на 20 јануари 2024 во кој вели:

Вчера во Давос, 2024 година, на ударните вести на најгледаната телевизија, А. Вучиќ ги кажа истите зборови за гробовите на Албанците како Адолф Хитлер и Ј. Гебелс за гробовите на Евреите:

– „Кој ќе положи цвеќе на гробовите на децата Албанци, ќе сноси вечен јавен срам поради тоа, бидејќи тоа е ставање на лицето во кал, за што обвинителството и полицијата треба да си ја завршат работата.

За тие што не знаат, Александар Вучиќ беше министер за пропаганда во владата на Слободан Милошевиќ за време на етничкото чистење на Албанците на Косово.

Како што Гебелс беше министер за пропаганда во владата на Хитлер.

Гебелс за еврејските гробови го имаше истото мислење како што имаше и има Вучиќ за гробовите на албанските деца. Затоа во многу случаи нема такви гробници. Во Аушвиц Евреите биле фрлани во јами. Идентично како Албанците што беа фрлани во јами во Батајница додека Вучиќ беше министер за пропаганда на Милошевиќ.

Заради тој систем на „вредности“, затоа што положив цвеќе на гробот на албанско дете, претседателот јавно го поттикна мојот јавен линч и на тој мој гест вети „работа на обвинителството и полицијата“.

Неговите платеници ги слушнаа овие зборови и почнаа да ми се закануваат со зборовите:

„Да даде Господ, ти Чедомир и целото твое семејство ќе завршиш онака како што заврши шиптарскиот штетник Јашари. Амин“. Пример за таква порака оставам во коментар на оваа објава, пишува Стојковиќ на Икс.

Драган Мишев (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен