Четири растенија кои најдобро ги чистат токсините од домот

Собните растенија не само што го разубавуваат просторот, туку можат и да помогнат во отстранување на штетни токсини од воздухот во вашиот дом.

Стручњаците од Eflorist истакнуваат дека растенијата ја подобруваат внатрешната клима на неколку начини: ја апсорбираат штетната хемија како формалдехид и амонијак, ја зголемуваат влажноста, ослободуваат кислород преку фотосинтеза и можат да обезбедат природен мирис, заменувајќи ги вештачките освежувачи на воздухот.

Еве четири растенија кои се посебно ефикасни:

1. Спатифилум (Peace Lily)
Познато е по отстранување на токсини како формалдехид, бензен и јаглерод моноксид. Истражувањата на NASA го препознаваат како едно од најдобрите растенија за прочистување на воздухот. Идеално е за услови со слабо осветлување и е лесно за одржување, дури и за почетници.

2. Орхидеи
Апсорбираат штетни хемикалии како ксилен, толуен и формалдехид. Освен тоа, ослободуваат кислород ноќе, што ги прави совршени за спални соби. Потребна им е вода само на секои 7 до 10 дена, што ги прави лесни за одржување.

3. Лаванда
Позната по својот смирувачки мирис, ја намалува напнатоста и го подобрува квалитетот на воздухот. Лавандата природно ослободува пријатен мирис, елиминирајќи ја потребата од синтетички освежувачи.

4. Јасмин
Цветовите на јасминот емитуваат сладок мирис, помагаат при релаксација и подобрување на квалитетот на сонот. Исто така, апсорбираат токсини како формалдехид, бензен, трихлоретилен и ксилен, додека произведуваат кислород.

Додавањето на овие растенија во вашиот дом не само што го разубавува просторот, туку и создава почист и поздрав воздух за вас и вашето семејство.

Зачлени се на нашиот е-билтен