Четири лица загинаа во пожар во пензионерски дом во Бедбург-Хау во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јави ДПА.
Полицијата соопшти дека пожарот избувнал во текот на изминатата ноќ.
Истрагата во моментов е фокусирана на 71-годишен станар на домот за кого има сомненија дека од невнимание го предизвикал пожарот, соопштија од полицијата и јавното обвинителство.
„Наспроти заднината на актуелната истрага, не може да се дадат дополнителни детали за прекршокот“, додаваат истражителите, пред се заради начелото на презумпција на невиност.
Полицијата соопшти дека загинале две жени, на 50 и 74 годишна возраст, како и двајца мажи на 66 години кои живееле во домот.
Во пожарот се повредени повеќе од 20 лица.
Според она што го знаеме досега, пожарот избувнал во една соба од резиденцијата, а потоа се проширил и во другите простории“, наведуваат од полицијата и јавното обвинителство.
Во извештаите се наведува дека 46 жители на пензионерскиот дом морале да бидат евакуирани. Се уште не е јасна точната причина за пожарот.