Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чилеански суд повторно ja отвори истрагата за смртта на поетот Неруда

 Чилеански суд повторно ја отвори истрагата за смртта на поетот и нобеловец Пабло Неруда, за кој некои веруваат дека бил отруен од поранешниот чилеански диктатор Аугусто Пиноче, јави чилеанското радио.

Официјално, Неруда почина од срцев удар во клиника во Сантијаго во 1973 година, но веднаш по неговата смрт имаше сомнежи дека е убиен. Експертска студија објавена во февруари минатата година потврди дека Неруда бил отруен.

Неруда се смета за еден од најголемите и највлијателни поети на 20-от век, а неговите дела се преведени на многу јазици. Својот псевдоним, што подоцна му станува негово легално и официјално име, го презел од името на чешкиот писател и поет Јан Неруда. 

Зачлени се на нашиот е-билтен