Читај ја Македонија! – македонска книжевна вечер во градот Долгопрудни

Литературата средба во организација на Панкина била насловена „Три столпа на македонската книжевност: Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Горан Стефановски”.

Македонска книжевна вечер во рамки на проектот  „Читај ја Македонија!“ на претседателката на невладината организација „Македонски културен центар“ во Москва, Олга Панкина се одржа вчера во рускиот град Долгопрудни, каде по 19-ти пат се одржува Театарскиот фестивал „Долгопрудненска есен 2025”, чиј домаќин е долгопрудненскиот театар „Город”.

Литературата средба во организација на Панкина била насловена „Три столпа на македонската книжевност: Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Горан Стефановски”.

-Со нив мене како претседател на невладината организација “Македонски културен центар” во Москва ме поврзува одамнешното пријателство. Годинава на фестивалот по традициjа одржав литературна средба. Овој пат таа беше насловена „Три столпа на македонската книжевност: Гане Тодоровски, Влада Урошевиќ и Горан Стефановски” во рамки на мојот проект “Читај ја Македонија!”, изјавила Олга Панкина, се наведува во соопштението.

Пред гостите бил прочитан во оригинал и во препев на руски избор поезиjа од великанот на македонската поезија Гане Тодоровски, прв амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, од билингвалната книга „Македонски монолог” објавена во Москва на инициjатива на Олга Панкина коjа jа составила, преведела и подготвила за печатење.

-Со книгата би сакала да му изразам моја почит на Гане како дипломат, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар, публицист и пред се како поет. Уверена сум дека оваа поетска збирка ќе ја збогати претставата на рускиот читател како за неговото исклучително творештво, така истовремено и за вредностите на македонската поезија во целина, изјавила Панкина, која подолго време работела заедно со Гане Тодоровски во Македонската амбасада во Москва.

Богатото творештво на Влада Урошевиќ веќе им е добро познато на руските читатели благодарение на објавените во превод на Панкина на две поетски збирки „Пеjач во кулата” (за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез”) и „Jужна sвезда”, книга раскази „Дирижабл над поле со пченки” и романи „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, се наведува во соопштението.

Публиката имала можност да го слушне извадокот од романот „Маџун” кој го прочитал еден од актерите на театарот „Город”. Присутните на настанот му ги упатиле честитките на Влада Урошевиќ по повод неговиот 91 роденден.

Панкина ги запознала присутните со Горан Стефановски – македонски драматург од светски ранг. Артистите на Театарот „Город” блескаво ги одиграле двете сцени од драмата „Чернодрински се враќа дома”: Панаѓур на Ѓурѓовден во Jуџбунар и Што се случи насабајле по свадбата.

Театарот „Город” повеќепати бил учесник и лауреат на фестивалот на античката драма во Стоби. Директорката на театарот Жанета Арутјуњан, е вели во соопштнието, вели дека од своето прво доаѓање во Македонија артистите ја засакале оваа земја.

Зачлени се на нашиот е-билтен