Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чупеска: Авангардното јадро нема претставник во Собранието, без интелектуална јавност не можеме да градиме демократска свест

Доминацијата на ВМРО-ДПМНЕ во гласовите е неспорна, но неспорен е и фактот дека и многу луѓе не излегоа на гласање, порача универзитетската професорка Ана Чупеска во интервју за Слободен печат.

Таа посочи дека дел од јавноста не успеала да препознае политичка платформа за да се мотивира и да излезе да гласа.

„Ние не можеме да знаеме, но претпоставуваме дека тие луѓе не се пронашле во ниту една платформа и еве условно тие луѓе да ги наречеме се прогресивни сили со малку повисоки критериуми од оние теснопартиски или популистички или националистички. Тие луѓе во моментов немаат свој претставник во парламентот. Зборувам за поавангардното интелектуално јадро. Тие немаат свој претставник и затоа тие би требало некако да се анимираат на начини што ќе бидат поефективни во периодот што претстои. Без интелектуална јавност не можеме да градиме демократска свест, ниту пак прогрес. Оттука, прогресот на некој начин што побрзо да се акомодира на новите околности“, порача таа.

Чупеска оцени дека СДСМ нема многу време, туку потребно е брзо да се реформира и да се стабилизира.

„СДСМ нема многу време за да се реформира, за една година има локални избори, за една година би требало да им биде јасно дека мора да застанат на нозе, во спротивно и натаму ќе ги демне проблемот со тоа дека ќе ја овозможат авторитарноста. Значи тие немаат баш право на одмор, да се одмораат и сега да минуваат низ психотерапевтски сесии и процеси и треба што побрзо да се најдат себеси. Во секоја демократија мора да има опозицијата и СДСМ не смее да си го дозволи тој луксуз таа нивна интроспекција предолго да трае“, заклучи Чупеска

Зачлени се на нашиот е-билтен