Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Чупеска: Да прашам, за војна ли сте?

Во својата најнова колумна за Либертас, универзитетската професорка Ана Чупеска пишува дека никој од нас не може да избега од моралните дилеми на своето време.

Но, ми се чини, додава тааа, дека овде, на сцена имаме една хористичка патрдија, која упорно се обидува да ја избегне токму моралната одговорност на предизвикувачките актуелности на своето време.

„Штета! Каква самодоволност и социопатија, би рекла. Денес мили мои, светот се тресе, а моралните мета позиции прекршуваат врз разнишаниот хуманизам на глобално ниво. Тој, најпрво, е предизвикан директно и највулгарно од воено екстерминаторство како она во Украина, но не само таму.

Второ, постпандемичните енергетско-кризните брзорастечки “растројства” од секаков вид ја разнишаа и отпорноста на луѓето како такви, а со тоа, хуманизмот повторно е предизвикан.
Трето, дигиталната и рапидна неолиберална трансформација на социо-економските устројства долж глобалниот простор се дополнително стимулативни за сите можни видови на нехуманистичка нус продукција.

Четврто, пред нос ни се одвива страотна тензија и натпревар, судир меѓу либералната и илибералната демократија, и веќе видливи се последиците од отворената наезда на разните видови тоталитарни режими, авторитарни идеологи, однесувања и сл. Како пред Втората светска војна.

Дали ние што живееме овде, во Македонија, сме свесни за овие состојби? И, оттука, каква може и каква треба да биде нашата МОРАЛНА позиција кога директно се засегнати регионалниот, европскиот и светски мир? Мала држава како нашата не би смеела да си дозволи аморалност во врска со овие нешта (прво заради себеопстанок во смисла на гол живот (bare life), и секако во контекст на општото и универзално добро). Не можеме, мили мои, сега кога Финска и Шведска после вековна неутралност побара да влезат во НАТО, ние, кои сме полноправна членка, сè уште да имаме дилеми околу тоа. Да не зборувам за тотално неодговорните политичари кои заговараат напуштање на НАТО.

Па вие не само што сте аморални, вие сте една голема приватна трагедија со страотна јавна последица.

За војна ли сте, директно, да прашам?“ пишува Чупеска во колумната.

Зачлени се на нашиот е-билтен