Пентагон ѝ даде зелено светло на Белата куќа да обезбеди ракети „Томахавк“ со долг дострел на Украина откако утврди дека тоа нема негативно да влијае на американските залихи, оставајќи ја конечната политичка одлука во рацете на претседателот Доналд Трамп. Информацијата ја објави CNN, по разговор со тројца американски и европски претставници запознаени со ова прашање.
Трамп за време на работниот ручек со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, рече дека повеќе претпочитува да не испорачува ракети на Украина затоа што „не сака да ги даде работите што им се потребни за да ја заштитат својата земја“.

Пред неодамнешната средба на Трамп со Зеленски, на која украинскиот претседател инсистираше да ги добие ракетите за да може поефикасно да ги таргетираат нафтените и енергетските постројки длабоко во Русија. „Томахавките“ имаат дострел од околу 1.600 километри.
Двајца европски претставници за медиумот велат дека проценката на Здружениот штаб на вооружените сили, ги охрабрила европските сојузници на САД, кои веруваат дека сега Америка има помалку изговори да не ги испорачаат ракетите. Трамп, исто така, само неколку дена пред средбата со Зеленски, изјави дека САД имаат „многу томахавки“ што потенцијално би можеле да ѝ ги дадат на Украина.
Затоа, американските и европските претставници беа изненадени кога Трамп драматично го смени својот став неколку дена подоцна, велејќи за време на воведниот говор на работниот ручек во Белата куќа со Зеленски дека на САД им „им се потребни“ томахавките. Потоа, зад затворени врати, му рече на Зеленски дека САД нема да ги обезбедат, барем не засега.
Одлуката на Трамп дојде еден ден откако разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, кој му рече на Трамп дека томахавците би можеле да ги погодат големите руски градови како Москва и Санкт Петербург, што нема да има значително влијание врз бојното поле, но ќе ги оштети односите меѓу САД и Русија, објави Си-Ен-Ен.

