Од СДСМ, со констатација дека во ВМРО-ДПМНЕ има молк во врска со Резолуцијата за одбрана на Македонија од мигрантите.
„Цел ден нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја потпишат Резолуцијата за одбрана на Македонија од мигрантите. Мицкоски имаше изјава денеска ама вртеше во круг, нема одговор. Го нема ниту ВМРО-ДПМНЕ да одговори. Цел ден ги чекаме“, велат од СДСМ.
Социјалдемоктатите по вторпат денеска ги прашува ВМРО-ДПМНЕ дали ќе ја потпишат Резолуцијата.
„СДСМ повторно ги прашува, прашањето е едноставно. Одговорете: Ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не? Работата не е завршена“, велат од СДСМ.