На Интернет се појави потресно видео на кое се гледа како група доброволци од цивилната одбрана на Сирија, позната како „Бели шлемови“, од урнатините на куќа извлекува семејство кое го преживело разорниот земјотрес што ја погоди земјата.
„Белите шлемови“ објавија дека спасувачката операција се одвивала во селото Бисна, во близина на Идлиб во северозападна Сирија.
Ова е вистинско чудо. Звуците на радост го исполнија небото, напиша групата на Твитер.
На видеото се гледа како тие со помош на алати ги отстрануваат урнатините, а потоа преку мал отвор извлекуваат група луѓе, меѓу кои и дете.
Ова се само една од приказните кои ја враќаат надежта за иднината во Турција и Сирија, кои со денови се соочуваат со огромна катастрофа.
Илјадници луѓе загинаа во серијата разорни земјотреси во Турција и Сирија. Во наредните денови се очекува да бидат откриени нови жртви, а сеизмолозите предупредуваат дека тлото ќе продолжи да се тресе.
Сирија добива значително помала помош од Турција. Тамошните спасувачи рекоа дека им недостигаат ресурси и работна сила за потрагата и апелираа до секој што може веднаш да испрати помош.