Од 1 декември 2025, цената на парното греење ќе се зголеми за 5,9 проценти, поради планирани инвестициски поправки и модернизации на дистрибутивната мрежа која е изградена во средината на минатиот век. изјави денес претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.
На прес конференцијата Бислимовски инсистираше дека зголемувањето на цената на парното е ислучиво за реновирање на мрежата за која рече тој во изминатиот период речиси и да не било вложено во одржување на мрежата, што довело до бројни поплаки од граѓаните за нефункционален систем на греење.

