Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Цената на струјата во прв блок останува иста, во втор се зголемува за 0,85, во трет за 1,92, во четвртиот за 1,88, а евтината за 0,65 проценти

Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, посочи дека со ова за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок нивниот трошок на месечно ниво ќе се зголеми за 0,48 проценти и за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок, нивниот трошок ќе се зголеми за 0,57 проценти. 

– Да донесеме ваква одлука, каде што реално нема никакви промени. Зголемувањето на цената за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата е под 0,5 проценти, ни овозможи тоа што со ЕВН Хоум му дадовме насока 15 проценти од количините кои што не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија што функционира во Македонија, во периодот кога цената на електричната енергија е близу до цената што ЕСМ ја понуди на тендерот од  60 евра за мегават час и дополнително измените на Законот за енергетика што поминаа во вторникот во Собранието овозможија да се примени новата цена на маржата што сега е 9,9 проценти, а претходно беше 11,5 проценти, појасни Бислимоски. 

Новата цена на електрична енергија е на сила од 1 јули 2024 година. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира