Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Цените на гасот на европската берза ТТФ во 2024 повисоки за 45 отсто

 Цените на гасот на европската берза ТТФ годинава пораснаа за околу 45 отсто и се очекува да продолжат да растат, особено поради прекинот на испораката на руски гас преку Украина од 1 јануари.

Гасот што се испорачува преку Украина претставува помалку од пет проценти од вкупните потреби на Европа за овој енергенс, но неговата загуба дополнително ќе го оптовари и онака тесниот пазар, пренесува Трејдинг Економикс.

Како што се наведува, февруарските фјучерси на гас на берзата ТТФ денеска во 11:50 часот се продаваа по цена од 49,035 евра за мегават-час, што е највисока цена во последните неколку недели.

Зачлени се на нашиот е-билтен