На почетокот на 2026 година, цените на златото и среброто достигнаа историски рекорди, поттикнати од геополитичките тензии, меѓу кои американските напади врз Венецуела и заканите кон Иран. Инвеститорите традиционално бараат сигурност во племенитите метали кога нестабилноста расте, додека берзите реагираат релативно мирно.
Среброто забележа пораст од над 6 проценти во средата, надминувајќи 90 долари за унца, со вкупен раст од 29 проценти оваа година. Во 2025 година, цената на среброто скокна за 141 процент – најдобар резултат од 1979 година. Златото исто така порасна за околу 1 процент, со цена над 4600 долари за унца, што претставува раст од 22 проценти за 2026 година. И минатата година, златото забележа раст од 65 проценти – највисок од 1979 година.
Покрај златото и среброто, во последниот период растат и цените на други индустриски метали како косит, бакар, алуминиум, литие и цинк.
Зголемената побарувачка е поттикната од глобалните настани, како геополитички конфликти, закани кон американската централна банка и нестабилност во финансиските пазари. Додатен притисок на цените доаѓа и од побарувачката за метали кои се користат во електроника и изградба на дата-центри за вештачка интелигенција, како и од рекордниот трговски суфицит на Кина.
Експертите предупредуваат дека растот на цените на металите може да влијае врз потрошувачите, бидејќи тие се составен дел од голем број производи. „Имаме сериозна инфлација на индустриските метали. Следниот претседател на Фед ќе има значајна дилема пред себе“, вели независниот аналитичар Питер Буквар.