Цените на златото и денеспа продоложијиа да паѓаат, за еден процент, на околу 4.560 долари за унца, бидејќи побарувачката за безбедни засолништа ослабе.
Вредноста на благородниот метал падна дури и откако беа намалени очекувањата дека Федералните резерви на САД (ФЕД) наскоро ќе ги намалат каматните стапки, објави „Трејдинг економикс“.
Геополитичките тензии околу Иран дополнително се намалија откако американскиот претседател Доналд Трамп повтори дека може да одложи каква било воена акција, велејќи дека има знаци за ублажување на сузбивањето на протестите и дека егзекуциите во голем обем нема да продолжат.