Централниот регистар го запре бесплатниот пристап за новинарите до нивните податоци кои се од јавен карактер. Ова беше овозможено со одлука на претходната влада и важеше и за Регистарот и за Агенцијата за катастар. Владата вели услугата ќе биде достапна повторно откако ќе влезе во закон.
Отстранета е категоријата “новинари“, со кој на медиумските работници можеа да дојдат бесплатно до бараните податоци од Централен регистар за нивните истражувања. Тоа го покажува проверката на нивната веб – страница, каде што медиумите веќе не се вбројани во делот на професионални корисници.
Централниот регистар смета дека оваа владина одлука мора да биде преточена во законско решение. Па откако ќе се донесат законски измени, иако не откриваат за колкав временски период, повторно ќе бидат достапни бесплатно за новинарите.
„Законските измени се веќе подготвени и во тек се меѓуинституционални усогласувања. Законските измени се предвидени да поминат по скратена постапка и од тие причини очекуваме истите да бидат донесени во најкус можен рок“, одговорија од Централен регистар за РСЕ.
Целиот текст на следниот линк