На не цели три дена до парламентарните избори, што во Албанија ќе се одржат в недела, 11 мај, гласачкото право до денеска го оствариле 161899 албански граѓани кои живеат и работат во странство.
Според податоците објавени од Централната изборна комисија (ЦИК), гласачите примиле 226.037 коверти, додека вкупно се испратени 245.935 пликови, колку што се и прифатени апликации. Бидејќи ковертот треба да биде доставен лично, 19.898 коверти со гласачки ливчиња сè уште не се примени од гласачите, главно поради неточна адреса.
Комисијата потсетува дека секој глас што ќе пристигне во Албанија на 11 мај, по 19 часот, ќе се смета за неважечки.
Од Италија има најголем број пристигнати коверти или 68.302, од вкупно 90 илјади, по што следат Грција околу 30 илјади од пријавените 60 илјади, потоа Германија и Велика Британија. Од 12. Окрузи, односно изборни единици, води Тирана со 37.236, Фиер 21.264, Драч 18.030 пристигнати коверти од дијаспората.
Определено место за администрирање на овој процес е Спортската палата „Фети Борова“, во близина на Олимпискиот парк –Тирана, каде се подготвуваа, испраќаа и каде се преземаат пликовите а тука и ќе се пребројуваат гласовите на дијаспората.
Ова се 11. парламентарни избори во плурална Албанија, на кои за првпат право да гласа и се дава и на дијаспората, за што владата издвои средства во износ од 10 милиони евра.