Ципрас се повлекува од парламентот – навестува нов политички проект

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денес (6 октомври 2025) поднесе оставка од пратеничката функција, со порака дека ќе продолжи со политичка акција надвор од Парламентот — потег што ја засилува шпекулацијата за формирање нов левоцентристички субјект. Решението е поднесено до претседателот на Собранието, а мандатот во Атина/Пиреја го презема следниот на листата.

Од Владата реакцијата беше дека повлекувањето е „парламентарно ирелевантно“, но медиумите и аналитичарите забележуваат дека Ципрас свесно се дистанцира од внатрепартиските превирања во СИРИЗА и ја подготвува теренската инфраструктура за ново политичко движење.

Според грчките извори, Ципрас ја образложи одлуката со критика дека Парламентот е „демократски оскуден“ и не ја исполнува уставната улога, но нагласи: „се повлекувам како пратеник, не се повлекувам од политиката“. Во јавноста веќе кружат имиња и можни формули за новата платформа, со проценки дека таргетот ќе биде разочараната левоцентристичка база.

Ако Ципрас навистина стартува нов проект, грчката опозиција би влегла во уште подлабока реалигнација: од една страна СИРИЗА под притисок да задржи кадар и гласови; од друга — потенцијална прегрупација на леви и централни гласачи во пресрет на следните изборни циклуси.

Зачлени се на нашиот е-билтен