Циркузот на владата на Мицкоски, прво го ѓубросаа, а сега пред камери го чистат Скопје

Како што најави новиот скопски градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, од паркингот кај хотелот „Александар Палас“, вечерва со почеток во 20 часот и 30 минути ја стартува акцијата „чисто Скопје за 72 часа“. Друштво му павеа градоначалниците на Општина Аеродром Дејан Митески, на Кисела Вода Бети Стаменковска Трајкоска и на Карпош Сотир Лукровски, Бобан Стефковски од Гази Баба и Александар Стојковски од Ѓорче Петров.

Целата акција ја надгледуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој се појави на паркингот пред хотелот.

На паркиногт беа донесени бројни хигиеичари од „Комунална хигиена“, како и тешка механизација за собирање на смет.

По преземањето на функцијата, Ѓорѓиевски рече:

„Започнувам со првата работа што им ја ветив на граѓаните, тоа е градот да го ослободиме и да го вратиме на граѓаните, со демонтажа на тие рампи кои што беа пред влезот на Град Скопје. Вечерва од 20:30 започнуваме со темелна активност за чистење на главниот град, изјави Ѓорѓиевски.

„Појдовната точка ќе ни биде пред паркингот на Борис Трајковски, спортската сала, и ве поканувам сите како медиуми да присуствувате. На истата, во наредните 72 часа, ќе дадеме сè од себе да блесне градот Скопје онака како што практично ветив на моите сограѓани“, рече Ѓорѓиевски.

Додаде дека е во комуникација со јавните претпријатија и дека веќе се преземаат чекори за нивно нормализирање.

„Вечерва ќе успееме да имаме околу 40 возила на располагање. Дополнително ќе помогнат и колегите градоначалници од внатрешноста, ќе бидат вклучени цистерни за перење на улиците. После долго време ќе ги переме и улиците во главниот град, плоштадот ќе се пере вечерва, кејот сериозно ќе се чисти и ќе се пере, така што дел по дел ќе ги ревитализираме и јавните претпријатија, да ги доведеме во нормала“, истакна Ѓорѓиевски.

Во рамките на акцијата ќе се работи интензивно на собирање на отпадот, миење на улиците, како и на плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар. Тимови од јавните претпријатија ќе бидат распоредени во сите делови на градот со цел за рекордно време да се отстрани наталожениот смет и нечистотија“, рече Ѓорѓиевски.

„Скопје мора да биде чист, достоинствен и уреден град. Ги мобилизиравме сите служби и во следните 72 часа ќе покажеме дека тоа е можно“, изјави Ѓорѓиевски при стартот на акцијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен