Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЦИВИЛ бара максимална казна за силувачите, институционална помош за жртвите и превенција од сексуално насилство врз децата во иднина

ЦИВИЛ изразува крајна згрозеност и осуда на монструозниот чин на родосквернавење врз сопствените синови, ќерки, браќа, малолетни роднини, откако надлежните институции објавија дека во еден ден се регистрирани дури четири случаи на силувани деца.

Како организација, посветена на промоција и одбрана на човековите права и слободи, ЦИВИЛ бара од институциите итно и решително да реагираат и на жртвите на сексуалното насилство да им обезбедат целосна професионална, медицинска и психосоцијална помош, а воедно да преземе превентивни и безбедносни мерки, ваквите ужасни случаи да не се повторат во иднина.

Секое дете, без никаков исклучок, има право на достоинствен живот и да ги ужива сите права наведени во Декларацијата за правата на децата. Децата мора да ја уживаат посебната заштита обезбедена преку закони и други средства. Институциите и сите што се одговорни во нив, имаат законски обврски да ги спроведуваат сите закони и стандарди за почитување на правата на децата и нивна заштита и развој, потсетува ЦИВИЛ.

Државата и институциите имаат обврска на децата да им овозможат физички, ментален, духовен, морален и социјален развој, здрав и нормален начин на живот во услови на слобода и достоинство!

Воедно, во своето соопштение, ЦИВИЛ бара од правосудните органи да изречат максимални санкции на насилниците.

Зачлени се на нашиот е-билтен