Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЦИВИЛ денеска со две панел дискусии за македонската зелена агенда

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира серија панел дискусии, на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?

Со почеток во 12 часот, денеска учесници на панелот ќе бидат Насер Селмани, главен и одговорен уредник на zoom.mk и Стево Башуровски, главен и одговорен уредник во ТВ Тера, Битола.

Серијата панел дискусии продолжува и во 13 часот, на која учесници ќе бидат новинарот Љубиша Николовски и Горан Лефков, истражувачки новинар и претседател на СКУП,  Центарот за истражувачко новинарство. 

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво, како и на пошироката јавност, но и медиумите, граѓанското општество, па и академската фела. Пост-ковид периодот, економската криза, руската агресија врз Украина, но и чекорите кон ЕУ, ги отворија вратите, не само за креирање стратегии, туку и во инвестирање и имплементирање на проекти што ќе придонесат кон зелената транзиција на земјата.

Фокусот на денешните панел дискусии ќе биде насочен кон колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, колку зелените прашања и агенди заземаат простор во медиумите и од кој аспект, каков е односот или соработката меѓу медиумите и иниституциите или главните чинители одговорни за зелената агенда во било кој нејзин сегмент.

Панелите ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусиите се дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Треба да знаете
Moже да ве интересира