Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЦИВИЛ: Мирот во Косово е предуслов за мир во регионот, сите чинители да придонесат одговорно кон надминување на тензиите и насилствата

ЦИВИЛ со загриженост ја следи ситуацијата во Косово, каде што ескалацијата доведе до човечки жртви на 24 септември. Мирот во Косово е предуслов за мир во регионот, сите чинители во земјата, но и во регионот и на меѓународно ниво, имаат обврска одговорно и смирено да придонесат кон мирно и ненасилно надминување на конфликтните состојби.

Сите чинители мораат да вложат максимални напори за итен прекин на оруженото насилство и почитување на законите, редот и мирот. Предност мора да им се даде на дијалогот и одржливи политички решенија, за доброто на сите заедници, на државата, како и регионот во целост.

ЦИВИЛ ги повикува македонските политички лидери и институциите, медиумите, граѓанските организации и сите граѓанки и граѓани да учествуваат во повиците за мир и ненасилство во соседно Косово. Нашата земја има и кредибилитет, и позиција – да биде креатор на мирот и да нуди решенија за мирно и ненасилно надминување на конфликтите.

ЦИВИЛ порачува дека во вакви мигови, особено важно е да се обрне внимание на вистинито и точно информирање на јавноста, фактите да се проверуваат со релевантни извори и да се избегнува сензационализам во известувањето.

ЦИВИЛ

Најново