Црна Гора блокираше веб-страници што промовираат проституција

Црногорската полиција ги оневозможи и блокираше веб-страниците за промоција на проституција што им беа достапни на корисниците во Црна Гора.

Во соопштението на локалното Министерство за внатрешни работи се наведува дека претходно е идентификувано присуството на неколку веб-страници за рекламирање и обезбедување услуги за проституција, по што Управата на црногорската полиција испрати официјални иницијативи за блокирање на IP и DNS адресите до надлежните институции и интернет провајдерите.

Се наведува дека таа мерка е дел од исполнувањето на обврските од Поглавје 24 од преговарачкиот процес со Европската Унија, кои се однесуваат на правдата и основните човекови права, односно на борбата против трговијата со луѓе и заштитата на жртвите од сите форми на експлоатација.

Зачлени се на нашиот е-билтен