Црна Гора денеска официјално го затвори поглавјето 5 – „Јавни набавки“ – во рамките на пристапните преговори со Европската Унија, со што досега се затворени вкупно седум од 33 поглавја.
Министерот за финансии Новица Вуковиќ изјави дека ова е „потврда дека државата е подготвена да управува со јавните средства на транспарентен и одговорен начин“, во согласност со европските стандарди.
Владата истакнува дека процесот на јавни набавки бил темелно реформиран, дигитализиран и унапреден со фокус на заштита на јавниот интерес и борба против корупцијата. Иако властите го слават овој чекор како значаен успех, дел од граѓанскиот сектор го оценуваат како недоволен, потсетувајќи дека досега е затворено само едно поглавје од најавените повеќе.
Црна Гора преговара за членство во ЕУ од 2012 година и има амбициозен план да ги затвори сите поглавја до крајот на 2026 година. Сепак, закочени остануваат поглавјата за слобода на движење и за надворешна политика, додека Хрватска веќе го блокираше напредокот во делот на безбедносната политика поради билатерални прашања.