− Вложуваме во младите и ги препознаваме нивните иновативни идеи. На конкурсот „Цртај на македонски“, кој започна во 2022 година на моја иницијатива со цел да се афирмираат македонскиот јазик и кирилското писмо, бевме сведоци на свежи уметнички идеи на младите автори, кои во изминатите две години ја раздвижија културната понуда во нашата држава. Преку овој конкурс ги поттикнавме младите луѓе на творење и себеизразување, нешто што е од особено значење – изјави тогашната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на почетокот во јануари годинава кога и беше објавен повикот, се вели во инстаграм постот на магазинот Фокус.
Конкурсот за 2024 беше отворен до 28-ми јануари, наменет за различни предлог проекти почнувајќи од графити, стикери за социјални мрежи, самостојни и групни изложби на дела па се до организации на дебати и работилници.
Токму во рамките на овој проект “Цртај на македонски јазик”, Театар Комедија доби нов мурал со интересна и ведра порака – “Човекот раскажува приказни, приказните плетат мрежа”.
Целта е преку ваков поттик кон младите да се изнајдат и поддржат начини на културно изразување, а воедно и да се зајакне употребата на македонскиот јазик.