Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЦСИ Линк и оваа година успешно ја спроведе иницијативата „Подари пакетче-подари радост”

Здружението на граѓани ЦСИ Линк, во изминатите 6 години , активно по повод Новогодишните и Божиќните празници ја спроведува иницијативата „Подари пакетче-подари радост” во соработка со „Создраваме насмевки-да бидеме хумани”, со цел собирање на новогодишни пакетчиња наменети за децата во социјален ризик од рурални средини, на територијата на  Скопје, Тетово и Куманово. Како и сервиси и институции за згрижување на деца од доменот на социјалната заштита, како што се: 

Шелтер Центар за деца жртви од семејно насилство, Шелтер Центар за деца жртви на трговија со луѓе, Мали групни домови за згрижување на деца, Интернат за деца и Дневни Центри за деца со попреченост.

Оваа година, со поддршка од 14 волонтери, повеќе од 20 фирми и 3 собирни локации за приватни донации, беа успешно собрани 913 новогодишни пакетчиња. 

Новогодишните пакетчиња беа поделени на децата од ранливи групи:- во Општина Куманово, селата Режановце, Бајловце, Клечовце, Градиште, Кучкарево и Орашец ;- во Општината Чучер Сандево, во селата Кучевишите, Мирковци, Глуво, Побожје, Бањани;- во Општината Бутел, во селата Љубанци, Љуботен и во 6 основни училишта во населените места Бутел, Радишани и Визбегово ;- во здруженија, сервиси и институции за грижа и поддршка на деца од ранливи групи: Национална мрежа против семејно насилство и насилство врз жени и деца, Шелтер Центар за деца жртви на трговија – Ла Страда, ОО Црвен крст Карпош – Проект Хуманко, Воспитно поправен дом – Тетово, ХОПС;- во Манастирот Св.Јован Бигорски наменети за децата од ранливи групи, од западниот регион.

Покрај новогодишните пакетчиња, беа поделени претходно обезбедени детски играчки, детски постелнини, облека и хигенски пакети. 

Од страна на Македонската заедница на граѓани од Шведска и Данска беа обезбедени средства во износ од 61,750,00 денари. Кои беа распределени во форма на ваучери за обезедување на намирници за 4 семејства (еднородителски и многудетени), 1 ваучер за обезбедување на обувки за едно дете и сума во износ од 23.000,00 денари, која беше уплатена за лекување на малата Јана Грнчаревска. 

Оваа иницијатива, не би била реалност без желбата, иницијативата, упорноста и пркосот на волонтерите кои во периодот на подготовка за престојните празници, одвоија време, труд и внимание за организирање на оваа акција, велат од ЦСИ Линк. 

Истата претставува убава причина за поттикнување на општествена одговорност кај компаниите, а кај голем дел и мотив за самоиницијативно активирање и мобилизирање на вработените во рамките на фирмите. 

Новогодишните празници не се само повод за украсување на домовите, семејните фотографии и прослави, туку и повод да се сетиме на сите оние кај кои новогодишната еуфорија буди не толку позитивни чувства, од различни причини. 

ЦЕИ Линк им благодари на сите оние кои се приклучија кон иницијативата „Подари пакетче – подари радост“  на различни начини, израдуваа многу дечиња и внесоа радост во домовите во кои беше најпотребна. 

Зачлени се на нашиот е-билтен