ЦУК: Активен пожар кај Долгаец; Јасен и Кожув ставени под контрола

Фото Борјан Михајловски, преку ДЗС
Фото Борјан Михајловски, преку ДЗС

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани 27 пожари низ државата: еден е сè уште активен, два се под контрола, а 24 се изгаснати. Активен останува пожарот кај селото Долгаец, Општина Долнени, каде што гори мешана шума. Истовремено, жариштата во повеќенаменското подрачје „Јасен“ (Општина Македонски Брод) и на планината Кожув (територија на Општина Гевгелија) се ставени под контрола.

Според ЦУК, изгаснати се 24 пожари на отворено на подрачјата на скопските општини Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај и Студеничани, како и во Прилеп, Крушево, Радовиш, Василево, Босилово, Струга, Велес, Зрновци, Чешиново-Облешево, Куманово, Липково, Тетово и Желино. На овие локации главно биле зафатени сува трева, депонии, ѓубришта и стрништа.

Надлежните служби остануваат на терен со засилени екипи и опрема за следење на состојбите и спречување на евентуални повторни разгорувања.

Зачлени се на нашиот е-билтен