Центарот за управување со кризи денес ќе одржи свечен прием во своите простории по повод одбележувањето на 20 години од своето основање. Настанот е посветен на претставниците на медиумите, како признание за нивната професионалност во известувањето за време на кризни ситуации.
Како што информираат од ЦУК, на приемот ќе бидат доделени благодарници за објективно, навремено и професионално информирање во текот на различни кризни состојби во земјата.