Д-р Александар Трајановски – Аеродромци заслужуваат подобро

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Аеродром, Д-р Александар Трајановски, на прес-конференција обвини дека изминатите четири години под управување на ВМРО-ДПМНЕ, најпрво со Тимчо Муцунски, а потоа со Дејан Митески, донеле „разочарувања, незаинтересираност и нула исполнети ветувања“. Според партијата, и покрај „наследена полна општинска каса“, ветувањата за хумана урбанизација, ново зеленило, паркинзи и инфраструктура „останале на хартија“.

Д-р Трајановски на прес конференцијата рече дека Аеродромци заслужуваат многу подобро, како една од најстарите градски јадра во Скопје со најголем број на млади жители и притоа се осврна на сите лажни ветувања кои беа сервирани изминативе години:

  • Четири нови градинки (Острово, Лисиче, Мичурин, Долно Лисиче) не се започнати;
  • Најавеното зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари не е реализирано;
  • Нова гимназија — „не е ни во подготовка“, а надградба на училишта има само на еден објект, финансиран од државата;
  • Од 6 најавени кружни текови — „не е изграден ниту еден“;
  • Од 3.000 најавени паркинг-места — реализирани се само „две мали паркиралишта“;
  • Проектите „Вело-дром“, велосипедски патеки на секоја улица, Rent-a-bike систем не се реализирани.

„Зеленило во очајна состојба“

Трајановски посочи дека „ни еден метар ново зеленило“ не е подигнат, а постојните површини се „неодржувани и обраснати“. Од најавените еко-мерки, вели, „нема ниту еден смарт-парк, ниту смарт-клупа, ниту мерна станица за загадување“. Ветувањата за гасификација, еко-полиција и целосна легализација за две години — „се заборавени веднаш по кампањата“.

„Општина како продолжена рака на партијата“

„Наместо локална власт што работи за граѓаните, Аеродром стана продолжена рака на партијата“, порача Трајановски, додавајќи дека општината е „запуштена, со паркови обраснати со треви и ѓубре“, а повеќето проекти се „заглавени во документација или тековни подготовки“.

Повик за промена

„Време е за чесност и работа во интерес на граѓаните. Аеродром заслужува повеќе — модерна, зелена и функционална општина. Аеродром е наш заеднички дом,“ се наведува во пораката на Д-р Александар Трајановски од денешната прес конференција.

Зачлени се на нашиот е-билтен