Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Да се одложи плаќањето на данокот за јаглерод диоксид што Северна Македонија треба да го плаќа при производство на струја

Македонија како и другите земји од Западен Балкан би требало да плаќаат данок за јаглерод диоксид од 1 јануари 2026 година. Притоа во игра се две опции – да се плаќа за секој произведен мегават-час електрична енергија од јаглен, а тоа е 60-70 евра за мегават/час, или да се плаќа такса на секој производ што ќе се извезе во земја членка на ЕУ.

– Имаме период од една година за да дискутираме со претставниците на ЕУ за начинот кога и како да го применат ова земјите од регионот. Сметам дека доколку се реши тоа да се применува од 1 јануари 2026 година, ќе ни треба сериозна финансиска инјекција од ЕУ во висина на она што го добиваат и земјите членки во ЕУ. Треба да се направат анализи дали воопшто е потребно толку драстично да започне воведувањето на данокот за CО2 од јануари 2026 година во нашиот регион имајќи предвид дека домашното производство на електрична енергија се заснова, пред сè, на термоелектрани и тоа би било сериозен удар на самите економии, рече првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимоски.

Според Бислимовски Македонија изминатите години сериозно влезе во зелената транзиција, до крајот на годината ќе имаме нови инсталирани фотоволтаици, но сепак енеријата од големите загадувачи ќе мора некако да ја надоместиме.

Зачлени се на нашиот е-билтен